Nokia N97 mini - Тастатура

background image

Тастатура

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

18

background image

Вашиот уред има целосна тастатура. За да ја отворите

тастатурата, притиснете го екранот на допир нагоре. Во

сите апликации, екранот се ротира автоматски од

вертикален на хоризонтален режим кога ја отворате

тастатурата.

1 Sym копче. За да внесете специјални знаци кои не се

прикажани на тастатурата, притиснете го sym копчето

еднаш, и одберете го саканиот знак од табелата.

2 Function копче. За да вметнете специјални знаци кои

се испечатени на врвот на копчињата, притиснете го

копчето за функција, и потоа притиснете го

соодветното копче од азбуката, или притиснете и

задржете го само копчето од азбуката. За да внесете

неколку специјални знаци по ред, притиснете го

копчето за функција набрзина двапати, и потоа

притиснете ги саканите копчиња од азбуката. За да се

вратите во нормалниот режим, притиснете го копчето

за функција еднаш.

3 Shift копче. За да менувате помеѓу режимите на

големи и мали букви, притиснете го shift копчето два

пати. За да внесете една голема буква во режим на

мала буква, или една мала буква во режим на голема

буква, притиснете го shift копчето еднаш, и потоа

соодветното копче од азбуката.

4 Space копче

5 Копчиња со стрелки. За да движите нагоре, надолу,

налево или надесно, користете ги копчињата со

стрелки.

6 Ентер копче

7 Backspace копче. За да отстраните некој знак,

притиснете го копчето backspace (едно место назад).

За да отстраните неколку знаци, притиснете и

задржете го копчето backspace (едно место назад).

Внесете букви кои не се прикажани на тастатурата

Можно е да се внесат варијации на букви, на пример,

букви со акценти. За да внесете á, притиснете и задржете

го sym копчето, и истовремено притиснете го А копчето

од азбуката последователно, сè додека саканиот знак не

се појави. Распоредот и достапноста на буквите зависат

од одбраниот јазик на пишување.