
Полнење на батеријата
Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но
можеби е потребно да ја наполните повторно пред да
можете да го вклучите уредот за првпат. Ако уредот
покажува мала наполнетост, направете го следново:
1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот. Светлосниот
индикатор за полнењето веднаш до микро-USB
конекторот засветлува кога батеријата се полни.
3 Кога уредот покажува целосна наполнетост,
исклучете го полначот од уредот, а потоа од ѕидниот
штекер.
Не треба да ја полните батеријата одреден временски
период, а уредот можете да го користите додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да поминат
неколку минути пред индикаторот за полнење да се
појави на дисплејот или пред да можат да се направат
било какви повици.
Совет: Исклучете го полначот од ѕидниот штекер кога
полначот не е во употреба. Полначот којшто е поврзан со
штекерот троши енергија дури и кога не е поврзан со
уредот.
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
14

USB полнење
Можете да користите USB полнење кога не е достапен
некој ѕиден штекер. Исто така, со USB полнењето можете
да пренесувате податоци додека го полните уредот.
1 Поврзете компатибилен USB уред на вашиот уред
користејќи компатибилен USB кабел.
Ефикасноста на USB полнењето значително се
разликува. Во некои случаи, може да помине подолг
период за да почне полнењето и уредот да почне да
функционира.
2 Ако вашиот уред е вклучен, можете да изберете за USB
режимот од достапните опции на дисплејот од уредот.
За време на продолжената работа како што се некој
активен видео повик и големо брзинска дата конекција,
уредот може да се загрее. Во повеќето случаи, оваа
состојба е нормална. Ако се сомневате дека уредот не
работи правилно, однесете го до најблискиот овластен
сервис.