Дата конекции и пристапни точки
Вашиот уред поддржува пакет дата конекции (мрежни
услуги), како што е GPRS во GSM мрежата. Кога го
користите Вашиот уред во GSM и 3G мрежи, повеќе дата
конекции можат да бидат активни во исто време и
пристапните точки можат да делат дата конекција. Во 3G
мрежата, дата конекциите остануваат активни за време
на гласовни повици.
Исто така можете да користите WLAN дата конекција. Само
една конекција во еднeн безжичен LAN може да биде
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
54
активна, но неколку апликации може да ја користат
истата интернет пристапна точка.
За да воспоставите дата конекција, се бара пристапна
точка. Можете да дефинирате различни видови на
пристапни точки, како што се следниве:
•
MMS пристапна точка точка за да испраќате и примате
мултимедијални пораки
•
Интернет пристапна точка (IAP) за да испратите и
примите e-mail и да се поврзете на интернет
Проверете кај Вашиот провајдер каква пристапна точка
Ви е потребна за услугата кон која сакате да пристапите.
За достапноста и претплаќање на пакет дата конекции,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на услуги.