Прифатете покана за видео споделување
Кога некој ќе Ви испрати покана за споделување видео,
пораката за покана ги прикажува името на испраќачот и
SIP адресата.
Доколку некој ви испрати покана за споделување и Вие
не сте во опсег на 3G мрежа, нема да ја примите поканата.
Прифатете ја примената покана
Одберете
Yes
. Сесијата за споделување е активирана.
Отфрлете ја примената покана
Одберете
No
. Испраќачот прима порака дека сте ја одбиле
поканата. Можете исто така да го притиснете копчето за
завршување за да ја одбиете поканата и да го завршите
гласовниот повик.
Завршете ја сесијата на споделување
Одберете
Stop
или завршете го гласовниот повик. Кога ќе
го завршите повикот, видео споделувањето исто така
завршува.