За GPS
Глобалниот систем за позиционирање (GPS) е управуван
од Владата на Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето на системот. На
точноста на податоците на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите кое го прави Владата
на Соединетите Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на Министерството за одбрана
на Соединетите Американски Држави и Федералниот
Радио-навигационен план. На точноста исто така може да
влијае и слабата геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS сигналите може да
влијае и Вашата околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS сигналите може да не се
достапни во внатрешноста на згради или под земја и може
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
68
да бидат попречени од материјали како што се бетон или
метал.
GPS не треба да се користи за прецизни мерења на
локации, и не треба никогаш да се потпирате единствено
на податоците за локацијата од GPS приемникот и на
мобилните радио мрежи за позиционирање или
навигација.
Мерачот на патот има ограничена точност и може да се
појават грешки при заокружување. На точноста исто така
може да влијае и достапноста и квалитетот на GPS
сигналите.
Координатите во GPS се изразени со помош на
меѓународниот координативен систем WGS-84.
Достапноста на координатите може да варира во
зависност од регионот.