Nokia N97 mini - Совети за креирање на GPS конекција

background image

Совети за креирање на GPS конекција
Проверете го статусот на сателитскиот сигнал

Одберете

Menu

>

Applications

>

Location

и

GPS data

>

Options

>

Satellite status

.

Ако Вашиот уред има пронајдено сателити, се прикажува

по една црта за секој сателит во приказот за информации

© 2011 Nokia. Сите права се задржани.

69

background image

за сателити. Колку повеќе има црти, толку појак е

сигналот на сателитот. Кога Вашиот уред има примено

доволно податоци од сигналот на сателитот за да ја

пресметате Вашата локација, бојата на цртите се менува.
На почетокот Вашиот уред мора да прими сигнали од

најмалку четири сателити за да може да ја пресмета

Вашата локација. Кога ќе се направи првичната

пресметка, можно е да продолжи со пресметување на

Вашата локација со три сателити. Како и да е, прецизноста

општо е подобра кога ќе се пронајдат повеќе сателити.
Ако не е пронајден ниту еден сателитски сигнал, имајте го

предвид следново:

Ако сте во затворена просторија, излезете на

отворено за да примите подобар сигнал.

Ако сте надвор, поместете се на поотворено место.

Ако временските услови се лоши, тоа може да влијае

на јачината на сигналот.

Некои возила имаат затемнети (атермиски) прозорци,

кои можат да ги блокираат сателитските сигнали.

Осигурајте се дека антената не ја покривате со раката.

Воспоставувањето на GPS конекција може да потрае од

неколку секунди до неколку минути. Воспоставувањето

на GPS конекција во возило може да потрае подолго.
GPS приемникот ја црпи својата енергија од батеријата на

уредот. Користењето на GPS може побргу да ја потроши

батеријата.