Телефон и SIM
Можете да ги дефинирате прилагодувањта за безбедност
за Вашиот уред и SIM картичка. На пример, можете да ги
промените пристапните кодови.
Одберете
Menu
>
Settings
и
Phone
>
Phone mgmt.
>
Security settings
>
Phone and SIM card
.
Одберете од следново:
PIN code request — Кога е активно, треба да се внесе
кодот секогаш кога уредот се вклучува. Некои SIM
картички не го дозволуваат деактивирањето на
барањето на кодот за личен број на идентификација (PIN).
PIN code, PIN2 code, и Lock code — Променете го PIN
кодот, PIN2 кодот и кодот за заклучување. Овие кодови
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
119
можат да вклучат само броеви од 0 до 9. Одбегнувајте
употреба на пристапни кодови слични на итните броеви
за да одбегнете случајно бирање на итниот број. Ако го
заборавите PIN или PIN2 кодот, контактирајте го Вашиот
добавувач на услуга. Ако го заборавите кодот за
заклучување, контактирајте Nokia Care или добавувач на
услуга.
Phone autolock period — За да одбегнете неовластена
употреба, поставете истекување на време по кое уредот
автоматски ќе се заклучи. Заклучениот уред не може да
биде употребен се додека моменталниот код за
заклучување не е внесен. За да ја деактивирате оваа
опција, одберете
None
.
Lock if SIM card changed — Поставете го уредот да бара
код за заклучување кога е вметната непозната SIM
картичка во Вашиот уред. Уредот одржува листа на SIM
картички што се препознаени како картички на
сопственикот.
Remote phone locking — Вклучете или исклучете
далечинско заклучување.
Closed user group — Определете група на луѓе кои
можете да ги повикувате и кои можат да Ве повикуваат
(мрежна услуга).
Confirm SIM services — Поставете го уредот да бара
потврдување кога употребувате услуга на SIM картичка
(мрежна услуга).