Кодови за пристап
PIN или PIN2
код
(4-8 цифри)
Овие ја штитат Вашата SIM картичка од
неовластена употреба или се потребни за
пристап до некои функции.
Можете да го поставете Вашиот уред да
бара PIN код кога истиот го вклучувате.
Ако кодот не Ви е доставен со Вашата SIM
картичка или ги заборавивте кодовите,
контактирајте го Вашиот обезбедувач на
услуги.
Ако три пати по ред погрешно го внесете
кодот, потребно е да го одблокирате
кодот со PUK или PUK2 кодот.
PUK или PUK2
код
(8 цифри)
Овие се потребни за да го одблокирате
PIN или PIN2 кодот.
Ако кодовите не Ви се доставени со
Вашата SIM картичка, контактирајте со
Вашиот обезбедувач на услуги.
IMEI број
(15 цифри)
Ова се користи за идентификација на
важечките уреди во мрежата. Бројот,
исто така, може да се користи за
одблокирање, на пример, украдени
уреди.
© 2011 Nokia. Сите права се задржани.
132
За да го видите Вашиот IMEI број, бирајте
*#06#.
Код за
заклучување
(безбедносе
н код)
(минимум 4
цифри или
знаци)
Ова ви помага да го заштитите Вашиот
уред од неовластено користење.
Можете да го поставете Вашиот уред да
бара код за заклучување кој што ќе го
дефинирате.
Кодот чувајте го во тајност и на безбедно
место, подалеку од Вашиот уред.
Ако го заборавите кодот и Вашиот уред е
заклучен, уредот ќе побара услуга.
Можно е да се применат дополнителни
наплаќања, и сите лични податоци во
Вашиот уред можат да бидат избришани.
За повеќе информации, контактирајте со
некојa Nokia Care точка или со дилерот на
Вашиот уред.